Пет натпревари од вкупно шест денес се одиграа во рамки на второто коло од Првата лига во машката кокуренција.Екипите на Карпош Соколи, Гостивар, Блокотехна, Охрид и Работнички запишаа победи против своите соодветни противници – Струмица, Кожув, Пелистер, Куманово односно Фени Индустри.

Колото го отвори вицешампионот откако ја нагости Струмица и дома ја испрати со 94 примени поени. Кошаркарите на Струмица реализираа 77 поени во текот на натпреварот.

Карпош Соколи – Струмица 94-77 (15-2, 34-15, 18-21, 27-21)

Вториот натпревар за денот, помеѓу Гостивар и Кожув заврши со убедливи 101 – 75 за домашниот состав. За гостиварци ова е втора победа во досегашниот тек на натпреварувачката сезона. За Кожув – втор пораз.

Гостивар – Кожув 101-75 (25-11, 17-21, 26-27, 31-16)

Во рамки на третиот натпревар „галебите“ од Охрид му се спротивставија на Куманово, но загубија во обидот.

Охрид – Куманово 73-91 (12-31, 26-19, 13-16, 22-25)

Блокотехна вторпат забележа убедлива победа. Овој пат на метата на еден од новите прволигаши се најде битолски Пелистер.

Блокотехна – Пелистер 95-51 (33-10, 17-14, 24-10, 21-17)

Најтрофејниот Работнички го предизвика трикратниот шампион Фени Индустри и не му дозволи на тимот од тиквешкиот регион да запише прва победа во новата сезона.

Работнички – Фени Индустри 80-63 (21-21, 25-18, 15-14, 19-10)

Последниот натпревар од второто коло, помеѓу Шкупи и МЗТ Скопје Аеродром ќе се одигра во среда (18. октомври) со почеток од 18:00 часот.