Карпош Соколи со ран меч против Струмица го отвори второто коло во Првата лига во машката конкуренција. Македонскиот вицешампион не дозволи никакво изненадување на домашен терен имајќи потешкотии само во првиот период, но потоа со двојно повеќе реализирани поени од противникот ја анулира негативата пред себе, направи резултатски пресврт и наталожи доволно предност која ја зачува до крајот на натпреварот. Тренерот Боро Даскаловски ја подели минутажата на целиот играчки капацитет со кој располагаше и сите играчи кои настапија на теренот се запишаа во листата на стрелци. На спротивната страна, најголем дел од поените беа реализирани од страна на странците Деихл и Тајус.

Карпош Соколи – Струмица 94-77 (15-2, 34-15, 18-21, 27-21)

СТРЕЛЦИ
Карпош Соколи: Сапунџиев (5поени), Атанасов (8), Лабовиќ (14), Чомагиќ (6), Јакимовски (11), Колинс (2), Браун (14), Соколов (9), Николовски (11), Мекфаден (6), Делиќ (6), Ѓуроски (2)
Струмица: Стојменов (4), Арсоски (10), Деихл (25), Тајус (28), Гилберт (10)