Кошаркарите на АВ Охрид наидоа на силен отпор против Струмица, но Петар Чочороски знаеше да го извади најдоброто од своите избраници, па на крајот „галебите“ славеа со 81-77 односно 21-20, 17-16, 20-18 и 23-23 по делници во второто коло од Плејаут лигата.

Домаќините експресно го отворија резултатот преку својата најнова аквизиција, но потоа следеше период на грешки кои ги искористи гостинот од Струмица. Лошата комуникација помеѓу бековите и играчите во рекетот значеше неколку лоши подавања, а изгубените топки Владимир Брчков успеваше да ги проследи кон своите соиграчи. До крајот на првиот дел од натпреварот двете екипи наизменично си го предаваа водството кое не надмина повеќе од два поени. Дванаесет поени во низа на стартот на второто полувреме постигнаа домаќините за водство од 49-36 кое им ја даде самодовербата на кошаркарите на АВ Охрид, но гостите набрзо ги симнаа на земја. Перо Настев направи неколку замени на паркетот, а поените од слободните фрлања значеа намалување на водството на само четири поени (58-54) пред почетокот на последниот период. Во првите пет минути од четвртата четвртина блесна дуото Јокиќ- макенаџиев, па Струмица успеа да го преземе водството (71-72), но тоа не траеше долго.Бранко Јанески го збриша  откако реализира шут за три, па следеа поени и на Брукс. На нешто повеќе од една минута до крајот разликата повторно порасна на шест поени (80-74), сосема доволна за формален финиш.

Стрелци на натпреварот:
АВ Охрид: Брукс (33 поени), Донески (10 поени), Михајловски (10 поени), Кејлен (17 поени)
Струмица: Јокиќ (21 поен), Богоев (10 поени), Макенаџиев (12 поени), Брчков (16 поени), Стефановски (14 поени)