Нашите најмлади репрезентативки завршија со настапот на меѓународниот турнир насловен „Slovenia Ball“ кој традиционално се одигрува во Словењ Градец.
Кошаркарките предводени од Никола Златев како селектор и неговите асистенти Форка Ѓорѓиева и Ведран Белешковски беа дел од групата Б заедно со националните селекции на Хрватска, Украина, Летонија и Унгарија.
Во рамки на групната фаза, нашите млади кошаркарки не запишаа триумф. Следеше фаза за разигрување во која репрезентативките двапати се надигруваа со Босна и Херцеговина. На првиот натпревар запишавме триумф, а потоа и реми. Со тоа, кошаркарките се пласираа на деветтото место на турнирот.
Резултати и статистика
15.08.2019
11:15h Хрватска – Северна Македонија „Sports Hall“
20:15h Северна Македонија – Унгарија „Sports Hall“
16.08.2019
9:00h Северна Македонија – Украина „Gimnazija gym“
18:00h Летонија – Северна Македонија „Gimnazija gym“
17.08.2019-18.08.2019
Босна и Херцеговина – Северна Македонија
Северна Македонија – Босна и Херцеговина