Нашите сениорки в мај (9. и 10. мај) ќе се надигруваат со Србија во пријателски двомеч закажан да се одигра в Белград. Македонската кошаркарска федерација одговори потврдно на поканата на српскиот кошаркарски сојуз да се одиграат пријателски натпревари, во рамки на подготовките на нивниот национален тим кој ќе земе учество на Европското првенство.

Европското првенство ќе се одигра во периодот од 27. јуни до 7. јули, а Србија ќе го коорганизира заедно со Летонија.

Нашата сениорска репрезентација, која зема учество во евроквалификации после неколку години пауза од каква било репрезентативна активност, не успеа да се пласира на претстојниот континентален собир. Квалификациите за идното Европско првенство (2021), на кои нашите сениорки ќе земат учество, ќе започнат да се одигруваат претстојниот ноември.

Натпреварот против Србија ќе се одигра во мала спортска сала на Визура.