Управниот Одбор при Македонската кошаркарска федерација на седницата одржана на 13. март (среда) во просториите на МКФ ги донесе следните заклучоци:

1. Комисијата на МКФ при рангирањето за доделување на средства од Агенцијата за млади и спорт да не ги зема предвид за распределба младинските клубови кои се должници по кој било основ кон МКФ. Со единаесет гласови усвоено - ЗА.
Обврска на МКФ навремено да ги извести сите младински клубови за донесениот заклучок.

2. Завршната пресметка за 2018 година беше усвоена без забелешки со единаесет гласови - ЗА.

3. Предлог одлуката на судиската комисија за номинирање на кандидати за ФИБА судии и делегати за периодот 2019-2021 беше усвоена со гласање единаесет - ЗА.

4. Календарска 2019 година како изборна година во ФИБА Европа е доставено до сите национални кошаркарски федерации да предложат свои членови за комисиите кои работат при ФИБА.
Моника Гаврилоска за член на Youth Commission
Ѓорѓи Пиперков за член на Technical Commission
Петар Наумоски за член на Board of FIBA Europe

5. Благоја Кечовски како претставник на Втора лига мажи побара да се усогласи системот помеѓу групите Исток и Запад бидејќи поради откажување на две екипи во секое коло три екипи се слободни и понекојпат поминуват периоди од три до четири недели без натпревари. Поради веќе усвоениот систем се задолжи Комесарот за натпреварување да го промени календарот односно натпреварите од едната група да играат среда-сабота како би се изедначиле двете групи. Новиот календар да биде доставен до сите клубови од втората лига. Предлогот се усвои со единаесет гласови - ЗА.