Во врска со немилиот настан кој се случи на второлигашкиот натпревар помеѓу екипите на Лирија 77 и Академија ФМП, комесарот за натпреварување, Владо Цветковски, согласно пропозициите ги изрече казните за организаторот на натпреварот.

  • Во текот на една сезона се играат повеќе од 2.000 натпревари за кои во изминатите 4 години не сме имале ваков случај на посериозен инцидент за време на натпреварите. Жалиме што немил настан од ваков размер воопшто се случи, но воедно сме среќни што немаше посериозни повреди на лица кои беа присутни на натпреварот во каква била улога. Едно е сигурно, нема да толерираме никаков вид на насилство или неспортско анвивање и ќе работиме за заштита на сите кошаркарски субјекти инволвирани во играта која сите ја сакаме за што подобро и покоректно претставување на играта. Во кошарката нема место за провокатори, инциденти и за насилство. Се надеваме дека ова ќе биде последен ваков случај во кошарката и дека повеќе нема да се повтори. – потенцира Спортскиот директор на МКФ, Владимир Темелковски.