Утре (вторник, 2. октомври, 2018 година) со почеток во 17:00 часот во просториите на хотелот Елса Управниот Одбор при МКФ ќе одржи редовна седница.

Седницата ќе биде од отворен карактер за претставниците на медиумите кои ќе сакаат да присуствуваат.

ДНЕВЕН РЕД

1. Усвојување на записникот од состанокот на УО одржан на ден 23.09.2018;
2. Верификација на одлуки од комисија за итност;
3. Предлог-одлука од Здружение на Сениорски лиги;
4. Измени во систем на натпревари и календар за натпреварувачка сезона 2018/19;
- Сениорски лиги
- Младински лиги
5. Лиценцирање на спортски сали за одигрување на кошаркарски натпревари;
6. Разно.