Кадетките го отворија турнирот кој од денеска се одржува во Скопје со пораз од соодветната репрезентација на Бугарија. За избраничките на Стојна Вангеловска ова е првиот пораз во подготвителниот период, по четири победи. 
 
Репрезентативките до 16 години на Бугарија успеаја да го анулираат водството на нашите кадетки, а потоа и да го преземат. Во финишот, Бугарија славеше со 62-54 односно 9-15, 27-20, 18-7 и 8-12 по делници.