Кадетските репрезентативки тековното лето ќе земат учество на Европското првенство (дивизија Б) кое ќе се одигра од 16. до 25. август во Црна Гора. Селекторот Стојна Вангеловска со своите избранички го одржа првиот собир пред нешто повеќе од еден месец во Скопје, а кошаркарките тренираа и во Маврово. Во рамки на досегашните подготовки, нашите кадетки запишаа четири победи од вкупно четири пријателски натпревари и тоа 60-52 против Косово на домашен терен, потоа и на гостински терен со 57-68. Викендов, кадетките ја продолжија победничката низа со две победи над Швајцарија, одиграни во Србија, и тоа со 77-43 односно 62-28.

Наредните три дена, кадетките на Вангеловска ќе разигруават во Скопје против соодветните репрезентации на Бугарија, Словенија и на Израел. Натпреварите ќе се одиграат во малата сала на Кале. Влезот е бесплатен.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ; ПРИЈАТЕЛСКИ ТУРНИР ЗА КАДЕТКИ СКОПЈЕ 2018
 

8. август (среда)
Бугарија – МАКЕДОНИЈА
почеток 17:00
Израел – Словенија
Почеток 19:15

9. август (четврток)
Македонија – Израел
почеток 17:00
Словенија - Бугарија
Почеток 19:15

10. август (петок)
Македонија – Словенија
Почеток 17:00
Бугарија – Израел
Почеток 19:15