Нашата јуниорска репрезентација денес напладне го започна последниот натпревар во рамки на пријателскиот турнир кој се одигрува во Скопје и запиша нова победа. 

Репрезентативците, кои ова лето ќе се надигруваат на Европското првенство (дивизија Б) во Скопје од 27. јули до 6. август, ги совладаа своите врсници од Бугарија со 69-68.

Претходно, јуниорите славеа над Австрија со 73-44 и над Романија со 52-69.

Статистиката од денешниот натпревар може да се погледне на следниот линк.

Турнирот ќе заврши со натпревар помеѓу Романија и Австрија закажан за вечер со почеток во 18:00.