Екипата на Работнички вечерва беше крунисана за шампион на Република Македонија откако избраниците на Марин Докузовски ја добија и третата битка против МЗТ Скопје Аеродом во рамки на финалната серија од Плејофот. Со тоа „центарци“ го симнаа клубот од Аеродром од шампионскиот трон кој себично го чуваше изминатите шест сезони. За црвено-белите од Градски Парк ова е јубилејна, петнаесетта, шампионска титула освоена после девет години.

Кошаркарот Расел Робинсон е прогласен за најкорисен играч на финалната серија.