Кошаркарките кои оваа сезона (2017/2018) се надигруваат во возрасната категорија до 18 години претстојниот викенд ќе го одиграат завршниот турнир кој ќе го одлучи шампионот. Бадел 1862 ја брани титулата во оваа возрасна категорија, а негов противник во рамки на второто полуфинале се јуниорките на Енвер Мифтари во Дресот на Шкупи. Турнирот ќе го отворат екипите на Струга, која е и домаќин и организатор на овој турнир, во рамки на првото полуфинале против екипата на Баскет Кам.

Првиот натпревар ќе се одигра во 13часот и 30 минути, в сабота (26. мај) додека второто полуфинале ќе започне во 16:00 часот. В недела (27. мај) натпреварот за трето место ќе започне во 13:00 часот, а финалето во 15часот и 30минути.

Натпреварот за трето место и финалето ќе бидат достапни на LiveStream. Линковите до преносот и до статистиката во живо ќе бидат објавени на насловната страница на вебсајтот на МКФ.