Репрезентативците до 20 години идниот викенд ќе започнат со активности. Тренерското трио, на чело со Никола Василев во улога на селектор, Дарко Радуловиќ како помошен тренер и Будимир Јоловиќ како ментор, го изготви поширокиот список на кошаркари кои треба да се појават на првиот собир на оваа национална селекција.

Првиот собир ќе биде одржан на 1. јуни во 10:00 часот во малата сала на „Кале“. По неколку дена подготовки во Скопје репрезентативците ќе заминат на една седмица во Маврово, а потоа ќе продолжат в Скопје се до почетокот на Европското првенство (дивизија Б) кое ќе се одржи во Софија, Бугарија од 13. до 22. јули.

Распоредот на активности односно на закажани пријателски натпревари може да се погледне на следниот ЛИНК.

СПИСОК НА КОШАРКАРИ ПОВИКАНИ ЗА ПРВ СОБИР РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА М20

1. Христијан Радически – КК Црн Дрим
2. Ненад Димитријевиќ – Хувентуд (Шпанија)
3. Томислав Петров – КК Кожув
4. Ефремовски Виктор – КК Работнички
5. Филип Ѓорески – КК Вардар
6. Никола Кицев – КК Фени
7. Дамјан Крстевски - КК Работнички
8. Александар Арсовски – КК ФПМ Академија
9. Петар Прентовиќ – КК Вардар
10. Ранко Мамузиќ – КК Кожув
11. Петар Огњеновиќ – КК Куманово
12. Никола Заревски – КК Соколи
13. Габриел Коскоски – КК Црн Дрим
14. Никола Шопов – КК Карпош Соколи
15. Јосиф Наумоски – КК Карпош Соколи
16. Елвис Хот – КК Вардар
17. Леонид Тодоровски – КК Мзт
18. Иван Волкановски – КК Вардар
19. Миле Станимировиќ – КК Вардар
20. Александар Јовановски – КК ФМП Академија
21. Константин Мартиновски – КК ФМП Академија
22. Ѓорѓи Георгиевски – КК Куманово
23. Георги Ристовски – КК ФМП Академија
24. Владимир Јовановиќ – КК Куманово