Кошаркарите на Партизан Мулти Шпед (2) се изборија за пласман во финалето од завршниот турнир во возрасната категорија до 14 години откако во рамки на второто полуфинале беа подобри од домаќинот на турнирот, МВП Струмица со 51-78. Во финалето веќе ги чекаат кошаркарите на Вардар кои го совладаа Дино Баскет во рамки на првото полуфинале.

Натпреварот за трето место ќе започне утре (среда, 23. мај) со почеток во 15:00 часот и истиот ќе може да се проследи во живо на следниот ЛИНК. Линкот за пренос од натпреварот помеѓу Вардар и Партизан Мулти Шпед кој ќе го одлучи шампионот во оваа возрасна категорија ќе биде објавен на насловната страница на вебсајтот на Македонската кошаркарска федерација. Финалето ќе започне во 17часот и 30минути.

Целосната статистика од натпреварот МВП Струмица - Партизан Мулти Шпед(2) може да се погледне на следниот ЛИНК.