Македонската кошаркарска федерација на денешната прес-конференција, со која ја најави финалната серија од Плејофот, на кошаркарскиот клуб Работнички им додели признание со кое се одбележува најдолгата серија како непоразени во регуларниот дел од сезоната.

Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив тековната сезона запиша 22 победи во низа без ниту еден пораз.

Се надеваме дека ќе продолжиме во иднина вакво признание да им доделуваме на клубовите.