Македонската кошаркарска закажува прес-конференција по повод почеток на финалната серија во плејоф разигрувањето во машка сениорска конкуренција.

Оваа сезона, финаланта битка за титулата ќе ја водат МЗТ Скопје Аеродром и Работнички.

Прес-конференцијата ќе се одржи утре (петок, 18. мај) во просториите на хотел „Елса“ со почеток во 12часот и 30минути.

Збор на прес-конференцијата ќе земат Спортскиот Директор при МКФ, Владимир Темелковски, како и тренерите и капитените на екипите-учеснички во финалната серија од Плејофот.