Репрезентацијата со 16 години во женска конкуренција денес го одржа и вториот тренинг. Стручниот штаб, на чело со селекторот Стојна Вангеловска, повика 20 кошаркарки кои влегоа во изборот за националниот состав. Покрај вежбите зададени од страна на тренерите, младите кошаркарки беа скенирани и од Златко Јанакиевски кој ќе работи со нив на физичката подготвеност.