Првото коло во рамки на полуфиналната серија од овосезонскиот Плејоф ќе биде комплетирано денес откако екипата на Работнички ќе ги нагости кошаркарите на Куманово 2009. 

Најтрофејниот кошаркарски колектив во Република Македонија со четиринаесет шампионски титули во домашното првенство оваа сезона (2017/2018) го доживеа првиот пораз дури во Супер лигата и тоа токму од својот денешен противник, во рамки на третото коло од Суперлигата со 83-82 на гостински терен. Лекцијата беше научена, па „центарци“ веќе во осмото коло од Суперлигата запишаа победа пред домашната публика со убедливи 109-76.

Натпреварот од полуфиналната серија во плејофот ќе биде одигран денес (среда, 9. мај) со почеток во 19:00 часот. Натпреварот ќе биде пренесуван во живо на YouTube.