Македонската кошаркарска федерација ги објавува условите за преземање на организација на финален турнир во возрасната категорија до 20 години (мажи). Лицитацијата ќе се одржи на 11. мај (петок) со почеток во 10:00 часот, во просториите на Македонската кошаркарска федерација.

Почетната цена за преземање на организација на Финалниот турнир од странана учесник изнесува 30.000.00 денари. Право на учество на лицитацијата има секој учесник на Финалниот турнир или правно лице кое ќе има уплатено 10% од почетната цена до почеток на лицитацијата.

Условите за наддавање за организација на завршниот турнир се достапни на следниот ЛИНК.

Оваа сезона, во завршниот турнир учество ќе земат селекциите на Работнички, Академија ФМП, Карпош Соколи како и Вардар кој ја брани титулата освоена минатата сезона.