Раководството на Македонската кошаркарска федерација, Претседателот Петар Наумоски и Генералниот Секретар Моника Гаврилоска и Спортскиот Директор Владимир Темелковски, заедно со Деканот при Факултетот за физичко образование, спорт и здравје Ленче Алексовска-Величковска, Продеканот за настава Милан Наумовски и професорот Борче Даскаловски изминатите два дена одржаа работни средби во просториите на МКФ.

Тема на состаноците и работните средби беше продолжување на меѓусебната соработка како и продлабочување на истата.

 И оваа година ќе бидат извршени специфични мерења и тестирања кај најмалата возрасна категорија (М14) за да се има што подобар увид во напредокот кај кошаркарите и кошаркарките. За следниот месец се дефинирани и термините за почнување на имплементацијата на новиот лиценцен систем за тренери во кој ќе бидат вклучени и еминентни професори од ФФОСЗ како и од Универзитетот „Кирил и Методиј“.