Македонската кошаркарска федерација организира работна средба со клубовите кои се натпреваруваат во младинските лиги како и со кошаркарските судии без ФИБА значка. Состанокот ќе биде одржан во салата за состаноци при хотел Бест Вестерн (поранешен хотел Турист) на 7. мај (понеделник) со почеток во 12:00 часот (пладне).

Препорачано е присуство на претставник од клуб и по можност и главен тренер, бидејќи ќе биде појаснет начинот на субвенционирање на клубовите и условите кои треба да бидат исполнети за апликација на средствата од субвенциите.

Состанокот ќе биде од отворен карактер за сите претставници на медиумите кои ќе сакаат да присуствуваат на истиот.

ДНЕВЕН РЕД

  1. Финални турнири (F4) во младински натпреварувања - сезона 2017/18;
  2. Субвенции за 2018/19 и услови за добивање на истите;
  3. Почеток на натпреварувачка сезона 2018/19;
  4. Нови правила и пропозиции во согласност со ФИБА правилата: презентација од ФИБА инструктор Ѓорѓи Пиперков;
  5. Кодекс на однесување на актерите на кошаркарскиот терен (играч, тренер, судија) и градење на имиџ на лигата;
  6. Појаснување на правилата за
  • одложување на натпревар,
  • непојавување на натпревар;
  • учество во Европски клупски натпреварувања и меѓународни турнири.