Националната селекција до 14 години која ова лето ќе биде составена од кошаркари родени 2004 година и помлади го одржа и вториот селективен тренинг. Предводникот на оваа репрезентација, Благоја Кечовски, денес го одржа вториот селективен тренинг в Битола за кошаркари од западниот регион на Републиката. 

На овој селективен тренинг, наменет за кошаркари од клубовите од градовите Кичево, Струга, Ресен, Охрид, Прилеп, Битола и од околните од овој регион, се појавија 12 кошаркари кои изработија вежби со селекторот Кечовски и неговиот стручен штаб. Тренерското трио е задоволно е прикажаните способности на младите кошаркари на денешниот селективен тренинг, претпоследен за оваа возрасна категорија.

Минатиот викенд беше одржан селективен тренинг за кошаркари од источниот регион на Републиката, а предвиден е уште еден, финален, за скопскиот регион.