Претстојното лето баскетџиите низ Република Македонија ќе имаат шанса да учествуваат во лигашко натпреварување - во месец мај, Здружението „3х3 Macedonia“ ќе ја стартува премиерната „3х3“ лига која ќе трае до крајот на септември! Лигата ќе биде составена од седум турнири кои ќе се одиграат ширум Републиката и тоа на локации во Општина Карпош, Општина Центар, Куманово, Гостивар, Гевгелија, Штип и Скопје.

Пријавувањето на екипите ќе се врши на следниот начин:
- Секој играч МОРА да има свој FIBA профил (play.fiba3x3.com), со потврдена регистрација Без FIBA профил регистрацијата на тимот во МКФ нема да биде валидна!

- Екипата мора да брои максимум четворица членови;

- Секој член на екипата мора да го пополни формуларот достапен на WEB страницата на Македонската кошаркарска федерација (ЛИНК). Пополнетиот формулар треба да се испрати до registration@3x3macedonia.mk;

- ЗАДОЛЖИТЕЛНО членовите на екипите мора да имаат лекарско уверение кое ќе го приложат во Канцеларијата на МКФ - Лиценците за екипите ќе се подигнуваат во просториите на МКФ

- При подигнување на лиценците, задолжително е прикажување на документ за лична идентификација