Спортската академија упатува јавен повик за селективен тренинг на ученици и ученички кои навршуваат основно образование (деветто одделение) и имаат желба да продолжат со образованието токму на Спортската академија

Во спортската академија се изучува по скратена гимназиска програма, одобрена од Министерството за образование, по која учениците ќе можат да го продолжат своето високо образование на сите државни и приватни факултети во Република Македонија.

Важно е да се напомене дека тренинзите кои ги имаат секојдневно се работат со врвни тренери кои се актуелни селектори во младинските национални селецкии.

Секој ученик кој доаѓа од друг град има загарантирано место за престој во ученички дом „Здравко Цветковски-Гуц“.

Кандидатите за селективните тренинзи на Спортската академија мора да се придржуваат до закажаните термини. На денот на селективниот тренинг треба да пополнат прашалник кој ќе им биде доставен од страна на тренерите. Сите кандидати со себе треба да понесат опрема за тренинг како и документ за лична идентификација.

Термини и градови за упис на ученици во ДСУ Спортска Академија. 
Охрид - 3. мај.2018 (Кичево, Струга, Ресен, Битола, Прилеп, Охрид...)  11:00 часот, „Билјанини извори“
Кочани  - 4. мај 2018 (Штип, Македонска Каменица, Делчево, Радовиш, Струмица, Кочани ... )  11:00 часот ОУ „Кирил и Методиј“
Куманово - 10. мај 2018 (Крива Паланка, Куманово...) 10:00 часот ДСУ „Перо Наков“
Скопје - 11. мај 2018 (Тетово, Гостивар, Дебар, Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Скопје...) 10:00 часот СРЦ Кале (мала сала)