Претстојниот викенд, в недела (15. април) ќе се одржи селективен тренинг за кошаркари родени 2004 година. Предводникот на репрезентацијата, Благоја Кечовски, одлучи да започне со селектирање на млади и талентирани кошаркари од источниот регион на Републиката (МКФ регионална поделба, региони 2 и 4).

Селективниот тренинг ќе биде одржан в недела (15. април) со почеток во 11:00 часот во спорската сала „26 април“ во Гевгелија.

Кошаркарите треба да бидат во салата, подготвени за тренинг, 30 минути пред почетокот на истиот.

Се замолуваат клубовите од градовите Штип, Кочани, Македонска Каменица, Делчево, Радовиш, Струмица, Велес, Кавадарци, Неготино и од Гевгелија да испратат најмногу пет кошаркари од својот клуб.

Оваа календарска година, кошаркарите до 14 години повторно ќе учествуваат на турнирот „Slovenia Ball“ заедно со уште девет репрезентации во соодветната возрасна категорија. Четиринаесеттото издание на панданот на Европско првенство ќе се одигра во Словењ Градец, во периодот од 23. до 26. август.