Кошаркарките на Бадел 1862 не успеаја да го одбранат трофејот од последниот турнир за девојчиња до 14 години и помлади, но избраничките на Жаклина Стојановска стигнаа до третото место откако во последниот нивен натпревар на денешната агенда го совладаа тимот на Струга 2009 со 36-22 односно 13-4, 7-9, 13-7 и 3-2 по делници. 

Следи натпреварот за прво место на кој силите ќе си ги одмерат младите кошаркарки од Крива Паланка и Трокал.