Никола Златев ги водеше своите кошаркарки до втор триумф во рамки на групата А од турнирот за девојчиња до 14 години што значи и пласман во финалето на ова натпреварување. Кошаркарките на Трокал прво ги поразија освојувачите на претходниот турнир Бадел 1862, а за пласман во финалето славеа над Пелистер со 28-19 односно 6-4, 8-6, 4-2 и 11-7 по делници.