Селекторот на националната селекција во машка сениорска конкуренција, Јорданчо Давитков, го скрати списокот на кошаркари повикани за првиот собир на репрезентацијата која продолжува со натпреварувањето во претквалификациите за Евробаскет2021.

Првиот собир, сениорите ќе го одржат в среда (21. февруари) во спортскиот центар „Јане Сандански“ во 17:00 часот. Во истата сала, в недела (25. февруари) со почеток во 20часот и 15минути сениорите ќе го одиграат третиот натпревар од првата рунда во рамки на претквалификациите со Словачка против која славевме на гостински терен во ноемврискиот прозорец. Истиот ќе биде пренесуван на МРТ. Влезот ќе биде бесплатен.

  1. Војдан Стојановски (Демир Инсаат Бујукчекмеџе)
  2. Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
  3. Александар Костоски (БЦМУ Питешти)
  4. Дарко Соколов (МЗТ Скопје Аеродром)
  5. Адем Мекиќ (Куманово)
  6. Бобан Стајиќ (Куманово)
  7. Андреј Магдевски (Гостивар)
  8. Ненад Димитријевиќ (Хувентуд)
  9. Димитар Караџовски (Куманово)
  10. Стојан Ѓуроски (Блокотехна)
  11. Бојан Трајковски (МЗТ Скопје Аеродром)
  12. Кирил Николовски (Работнички)
  13. Љубомир Младеновски (Илирија Љубљана)
  14. Бојан Крстевски (Работнички)
  15. Андреј Маслинко (МЗТ Скопје Аеродром)
  16. Ричард Хендрикс (Галатасарај)