Финале какво што секој вљубеник во кошарката би посакал. Пред полни трибини во салата „Јасмин“ во Кавадарци, екипата на МЗТ Скопје Аеродром му го нанесе првиот пораз на Работнички за оваа сезона и тоа на најболен начин - во Куп финалето. Со оваа победа, „металците“ се израмнија со вкупниот број на освоени Куп-трофеи - девет.

Беше тоа натпревар кој изобилуваше со резултатски пресврти, атрактивни потези, но и немили сцени на трибините во салата од страна на навивачките групи. Присутните не можеа да посакаат поубав крај на ова Куп натпреварување.

Во финишот, МЗТ Скопје Аеродром славеше со 67-76 (14-17, 17-16, 17-21, 19-22)

Целосната статистика е достапна на следниот ЛИНК.