Поразот во финалето од Купот и испуштената шанса за трета Куп-титула кавадарчани експресно го заборавија. Кошаркарите на Фени индустри по поразот од Карпош Соколи во финалниот дуел од Купот како и последниот пораз од Куманово во домашното првенство го избришаа од своите сеќавања со лесниот триумф над Струмица со 97-69 или 21-14, 21-18, 21-12 и 34-25 по делници.

Само Шарабиѕе беше расположен на почетокот на натпреварот (5-0) за игра, а потоа кога се разиграа и македонските играчи во таборот на трикратниот првак на Македонија, кошаркарите на Струмица немаа никаква шанса за анулирање на негативата. Пајиќ, Стајиќ, Николовски и Петровски беа лидери во играта на Фени индустри во вториот период кој се покажа како клучен за понатамошниот тек на натпреварот. На полувремето се замина со двоцифрена предност за домашниот состав(42-32) која како што одминуваше времето така стануваше сè поголема.

Стрелци на натпреварот:
Фени Индустри: Стајиќ (14 поени), Николовски (16 поени), Петровски (12 поени), Ѓекиќ (12 поени), Магдевски (10 поени)
Струмица: Јокиќ (34 поени), Брчков (13 поени)